НОВАТА ЛАБОРАТОРИЈА ВО БИТОЛА ПОЧНА СО ПРОБНИ ТЕСТИРАЊА ЗА КОВИД-19

    НОВАТА ЛАБОРАТОРИЈА ВО БИТОЛА ПОЧНА СО ПРОБНИ ТЕСТИРАЊА ЗА КОВИД-19Ова е прва лабораторија за КОВИД-19 надвор од Скопје, а ќе го опслужува Југозападниот Регион. (Фото: СДК.МК)

    Лабораторијата за молекуларна микробиологија при Центарот за јавно здравје во Битола од денес започна со пробно тестирање за КОВИД-19. Во изминатите два месеца се изведуваа интензивни градежни активности и беше набавена специфична опрема, согласно стандардите на СЗО. Ова е прва лабораторија за КОВИД-19 надвор од Скопје, а ќе го опслужува Југозападниот Регион.

    Според протоколите, следната недела стручна комисија назначена од Министерството за здравство ќе направи увид и проценка на исполнување на стандардите, по што ќе добие дозвола за воведување на методата во рутинска работа. Со тоа, лабораторијата станува дел од Националната мрежа на лаборатории кои тестираат КОВИД-19 и споделуваат податоци со Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Мој термин.

    „Во почетокот планираме да се изработуваат по 50 тестови дневно, капацитет кој сметаме дека ќе биде доволен за потребите на граѓаните од Битола и регионот. Со ова, Битола добива нова современа лабораторија каде граѓаните ќе можат да добијат квалитетна услуга, а резултатот да го добијат во најкраток можен временски период од тестирањето“, соопштија од Центарот.

    За градежниот зафат Општина Битола донираше 600.000 денари (околу 10 илјади евра), а „Кромберг и Шуберт“ обезбедија опрема од 1,8 милиони денари (околу 30.000 евра).

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира