НУРКАЧИТЕ ИЗВАДИЈА АВТОМОБИЛСКИ ГУМИ ОД ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

    НУРКАЧИТЕ ИЗВАДИЈА АВТОМОБИЛСКИ ГУМИ ОД ОХРИДСКОТО ЕЗЕРОНуркачот Паскали постојано од Охридското Езеро вади градежен шут и отпад.(Фото: СДК.МК)

    Помеѓу Мостот на желбите и Сараиште, охридски нуркачи открија фрлени автомобилски гуми и градежен шут.

    „Да не речат охриѓани само од Вардар во Скопје се вадат гуми, а плус и зима доаѓа треба да се сменат, напиша  на својата фејсбук страна охридскиот нуркач Никола Паскали од „Акватек“.

    Нуркачот Паскали постојано од Охридското Езеро вади градежен шут и отпад. Неодамна, Паскали на езерското дно најде стара када, бојлер, потоа градежен шут и други куќни елементи кои охриѓани ги фрлаат во Езерото.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира