ОД 5 АВГУСТ ДО 11 СЕПТЕМВРИ НА 37 ЛОКАЦИИ ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ФРЛА КАБАСТ ОТПАД

    ОД 5 АВГУСТ ДО 11 СЕПТЕМВРИ НА 37 ЛОКАЦИИ ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ФРЛА КАБАСТ ОТПАДАкцијата ќе трае со цел да не се фрла кабаст отпад насекаде низ градот. (Фото: Архивска фотографија)

    Од  5 авгус до 11 септември, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје ќе спроведе акција за бесплатно одлагање кабаст отпад. На вкупно 37 локации во сите скопски општини ќе се постават контејнери за кабаст отпад. Со тоа како што велат од претпријатието ќе се избегне грдата слика низ населбите кои се затрупани со стар мебел и друг вид кабаст отпад.
    „Се надеваме дека во иднина жителите на сите општини во градот Скопје ќе ги почитуваат препораките на претпријатието и дека овој тип на отпад во секое време можат бесплатно да го одложат во центарот за селекција којшто се наоѓа на улица Илинденска,позади бензинската пумпа на ‘Макпетрол‘ во општина Карпош“, велат од „Комунална хигиена“.
    Во Општина Ѓорче Петров од 05.08.2024 до 08.08.2024 контејнери ќе има во  Ѓорче 2, автобуска постојка на последна 5-ка, во населбата Хром, автобуска постојка на последна 4-ка, кај старата полициска станица и кај урбана заедница Даме Груев.
    Во Општина Карпош од 09.08.2024 до 12.08.2024, на  улица Женевска кај автобуска постојка на последна 24-ка, на улица Јури Гагарин, кај ресторанот „Македонска куќа“, на улица Ванчо Мицков во Долно Нерези и на улицата Васил Чакаларов, позади Порта Влае, кај контејнерите.
    Во Општина Центар од 12.08.2024 до 16.08.2024 кабаст отпад ќе може да се фрли на паркинг на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ спроти „Веро Џамбо“, на улица Питу Гули, кај „Тинекс“, на влезот на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ и во Дебар Маало, кај кружниот тек.
    Во Општина Кисела Вода од 17.08.2024 до 20.08.2024 контејнери ќе има кај урбаните заедници Дрчаво, Кисела Вода, Цветан Димов, Црниче и на улиците Бранко Заревски кај паркот на бранители и Георги Димитров кај средното училиште „Васил Антевски Дрен“.
    Во Општина Аеродром од 21.08.2024 до 24.08.2024 на булевар АСНОМ бр. 68 населба Јане Сандански, на улица  Коста Новаковиќ бр.48 населба Стар Аеродром, на булевар Видoe Смилевски Бато бр. 19, населба Ново Лисиче и на булевар АСНОМ бр.5  населба Ново Лисиче.
    Во Општина Гази Баба од 25.08.2024 до 28.08.2024 отпад ќе може да се одложи на  улица Маџари, спроти ресторан „Далиа“ во Ченто, на улица Лазар Поп Трајков кај месната заедница Автокоманда, на улица Методија Андонов кај кај месната заедница Алија Авдовиќ, на улица Благоја Стефковски, кај КАМ маркет во Триангла.
    Во Општина Чаир од 29.08.2024 до 01.09.2024 ќе има на раскрсницара меѓу улиците Цветан Димов и  Коста Абрашевиќ, на улица Ферид Мурад, до средното училиште Цветан Димов, кај Топлана Север, на улица  Крсте Асенов бр. 5 кај контејнерите до чајџилница „Пајтон“ и на раскрсницата меѓу улица Дижонска и улица Втора македонска бригада.
    Во Општина Бутел од 01.09.2024 до 04.09.2024 контејнери за кабаст отпад ќе има на четири локации и тоа  Скопје Север кај Стокомак,  Бутел 2 на платото кај џамијата, помегу 1 и 2 влез во Радишани, спроти црквата Св.Јован кај трансформаторот во Бутел 1.
    Во Општина Шуто Оризари од 04.09.2024 до 07.09.2024 на автобуска постојка на последна 19-ка, спроти затворот, кај „Жуто Лукс“, на паркингот зад општината Шуто Оризари.
    Во Општина Сарај од 08.09.2024 до 11.09.2024 кај претоварната станица на „Комунална хигиена“ и локација на старата општина Сарај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира