Добиени се уште 11 позитивни брисеви на ковид-19 кај пациенти од хосписот „Сју Рајдер“ во Битола, соопштија од Центарот за јавни здравје. Со претходните 12 заразени, вкупниот број на штитеници со коронавирус се искачи на 23.
„Од вчерашните 17 земени брисеви за ковид-19 во хоспис ‘Сју Рајдер’ во Битола, добиени се позитивни резултати за 11 пациенти. Со тоа бројот на позитивни пациенти во организацијата е 23 (од вкупно земени 31 брис). Во текот на денешниот ден, земени се 20 брисеви (7 од персонал и 13 од пациенти), материјалите сѐуште се обработуваат, а во текот на следниве денови, ќе се тестираат останатите пациенти и персоналот од организацијата. Според информациите од одговорните лица во хосписот, сите пациенти во моментов се со лесна клиничка слика“, соопштија од Центарот за јавно здравје.
Во хосписот„Сју Рајдер“ сместени се шеесетина пациенти, па според откриените случаи, може да се заклучи дека засега една третина од пацинетите се болни од ковид -19.
Ж. ЗДРАВКОВСКА