ОД ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ ПОТРОШЕНИ 125.000 ЛИТРИ НАФТА ЗА ДЕНОТ НА ДРВОТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ ПОТРОШЕНИ 125.000 ЛИТРИ НАФТА ЗА ДЕНОТ НА ДРВОТО

    За „Ден на дрвото“, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје(ЈСП) доби посебна субвенција од Владата – 125.000 литри нафта од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на државата.
    На седница одржана на 25 ноември, Владата одлучила да отстапи нафтени деривати од задолжителните резерви за потребите на ЈСП за спроведување на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, есен 2016 година, која се одржа вчера. Потпис на одлуката ставил заменикот премиер Никола Тодоров. Владата го задолжила Град Скопје да ги покрие трошоците за испорака, односно манипулативните трошоци за преземање на отстапеното гориво.
    Додека за тековните работи ЈСП добива субвенции, тоа се јавува како инвеститор на Панорамското тркало од 18,5 милиони евра и на уредувањето на Милениумскиот крст како капитални проекти во Градот.
    Државните резерви вообичаено се користат во случаи на криза, но со измените на законот од 2014 година воведени се и посебни резерви кои независно и доброволно ги одредува земјата и имаат посебен правен статус.
    Покрај оваа помош од Владата, ЈСП редовно добива субвенции од Град Скопје. Следната година Градот од Буџетот ќе одвои 320 милиони денари или 5,2 милиони евра за помош на ЈСП. Овие пари претпријатието е предвидено да ги употреби за билети за возрасни и студенти – 100 милиони денари, 110 милиони денари за оперативни трошоци и тешкотии во работењето и 50 милиони денари за функционирање на системот за автоматска локација на возилата и системот за електронска наплата на билетите. За овие системи предвидени се уште 60 милиони денари како рата за нивната набавка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира