ОД ДВЕ СЕМЕЈСТВА ОД МАТЕЈЧЕ СЕ СИТЕ 12 РЕГИСТРИРАНИ НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО КУМАНОВСКО

    ОД ДВЕ СЕМЕЈСТВА ОД МАТЕЈЧЕ СЕ СИТЕ 12 РЕГИСТРИРАНИ НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО КУМАНОВСКО„Сите новозаболени се од Матејче, од познат кластер, две семејства откриени на крајот на минатата недела, меѓу кои има и 4 деца, но сите се асимптоматични и немаат здравствени проблеми, велат од Центарот за јавно здраве во Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Вкупно 12 нови случаи и еден почина од коронавирусотсе регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово. Од нив 11 се во Липково, додека еден новозаболен и еден починат во Куманово.

    „Сите новозаболени се од Матејче, од познат кластер, две семејства откриени на крајот на минатата недела, меѓу кои има и 4 деца, но сите се асимптоматични и немаат здравствени проблеми. И денеска продолжуваме со тестирањето, земени се 20 тестови во Липково и 30 во Куманово“, вели директорот на Центарот за јавно здравје Ариф Љатифи.

    На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

    Во Куманово има 27 активни случаи, а во Општина Липково 126.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира