ОД ГРАДСКИОТ ПАРК ВО ВЕЛЕС УКРАДЕНИ САДНИЦИ НА ЈАВОРИ ЗАСАДЕНИ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ

    ОД ГРАДСКИОТ ПАРК ВО ВЕЛЕС УКРАДЕНИ САДНИЦИ НА ЈАВОРИ ЗАСАДЕНИ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИДве садници се искршени, а осум се украдени (Фото: СДК.МК)

    Дел од новите млади садници во Градскиот парк во Велес се уништени. Тие се искорнати или искршени.

    „Очигледно е дека според ископаните дупки за отстранување на садниците, тие биле украдени со намера да се засадат на друг простор, а две се искршени поради невнимателност при крадењето“, вели лицето кое информираше за инцидентот.

    Од ЈКП „Дервен“ соопштија дека нивни вработени алармирале и биле на местото од настанот.

    „Две садници се искршени, а осум се украдени. Тоа се садници од млади јавори засадени пред две години, високи 2,5 метри“, изјавија од „Дервен“.

    Од локалната власт најавија дека за случајот ќе го информираат и СВР Велес, со цел да се истражи, бидејќи штетата е значајна.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира