ИЗБИРАЧКИТЕ КОМИСИИ ВО ТЕТОВО ПРИЈАВУВАЛЕ ДЕФЕКТИ БЕЗ ДА ПРОВЕРАТ ДАЛИ СЕ ПРИКЛУЧЕНИ УРЕДИТЕ ЗА ОТПЕЧАТОК ОД ПРСТ

    ИЗБИРАЧКИТЕ КОМИСИИ ВО ТЕТОВО ПРИЈАВУВАЛЕ ДЕФЕКТИ БЕЗ ДА ПРОВЕРАТ ДАЛИ СЕ ПРИКЛУЧЕНИ УРЕДИТЕ ЗА ОТПЕЧАТОК ОД ПРСТВо Тетово има случаи кога уредот после извесно време од работењето целосно откажал, па морале да преминат на гласање со оставање отпечаток од прстот во Избирачкиот список. (Фото: СДК.МК)

    Гласањето во Тетово започна навреме, но со помали проблеми. Избирачките комисии најмногу имале проблеми во новата апаратура и нивното поврзување. Некои пријавувале дефект на опремата без притоа да проверат дали читачот или принтерот биле поврзани. Лицата за ИТ поддршка брзо ги решавале овие проблеми, велат од Општинската изборна комисија.

    „Сите 117 избирачки места во Општина Тетово се отворени навреме. Од 7 часот до 7 и 20 часот имавме некои технички проблеми, бидејќи претседателите на изборните места не можеле да ги поврзат уредите за биометриско идентификување на гласачите со принтерите, но тоа брзо се надмина во комуникација со Општинската изборна комисија и лицата задолжени за ИТ поддршка. Имавме и случаи кога некои од гласачите не можеа да се најдат ниту преку читачот на отисокот од прстот, ниту преку внес на матичниот број. Ваквите случаи се предвидени со Изборниот законик и со упатството од ДИК, и се преминува на старата постапка на гласање, а избирачот остава отисок од прстот во отпечатениот извод од Избирачкиот список заедно со негов потпис. Таквите случаи се внесуваат во дневникот за евиденција на настани, по што гласачот може да гласа без проблеми“, рече Назми Даути, претседател на Општинската изборна комисија за Тетово.

    И покрај ваквите изјави на Општинската изборна комисија, според кажување на членовите на одбори на некои избирачки места, има случаи кога уредот после извесно време од работењето целосно откажал, па морале да преминат на гласање со оставање отпечаток од прстот во Избирачкиот список. Во Тетово, според Избирачкиот список, има запишано 85.484 гласачи.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира