ОД НОВА ГОДИНА СЕ ЗАПИРА СО ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ДИВОГРАДБИ, КАЖА МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИ

    ОД НОВА ГОДИНА СЕ ЗАПИРА СО ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ДИВОГРАДБИ, КАЖА МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИГрадоначалникот на Штип Благој Бочварски и министерот Сугарески денеска доделија 15 решенија за легализација на дивоградби

    Законот за легализација на дивоградби, донесен во 2011 година, ќе важи само до крајот на оваа година, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешното врачување решенија во Штип.

    „Наредната година, Министерството не планира никакви нови рокови на Законот за легализација, затоа што во иднина е можна негова злоупотреба“, кажа тој.

    Според него, за граѓаните кои првпат поднесуваат барање, рокот е до крајот на годината.

    Во Македонија досега се издадени околу 200.000 решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Само во Штип имало околу 12.200 барања, од кои повеќе од половина биле решени. Некои барања биле одбиени, а некои се во постапка.

    Во продолжениот рок, во првата половина од годината, во Штип биле поднесени 246 барања за легализација на дивоградби. Слично било и во останатите градови, па сето тоа укажувало на фактот дека веќе се исцрпуваат можностите за потребата од постоењето на ваков закон или за пролонгирање на неговата важност.

    За да не се шири паника меѓу граѓаните дека, наводно, се граделе кампови за мигранти, Сугарески категорично изјави дека тој не знае дека во Македонија некаде се градат такви кампови или дека ќе се градат.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира