ОД ПОСЛЕДИЦИ НА КОВИД-19 ПОЧИНА ЕКСНАЧАЛНИК НА СВР ВЕЛЕС

    ОД ПОСЛЕДИЦИ НА КОВИД-19 ПОЧИНА ЕКСНАЧАЛНИК НА СВР ВЕЛЕСАнгеловски е 27. жртва на коронавирусот во велешко, 11. за седум дена од Велес. (Фото: СДК.МК)

    Вчеравечер околу 22 часот почина 41-годишниот Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес, објавија од фамилијата. Тој бил позитивен на ковид-19 и починал поради настанати проблеми, предизвикани од коронавирусот. Се лекувал на Инфективна клиника во Скопје.

    Претходно беше хоспитализиран на Инфективно одделение од велешката болница, од каде на 14-ти октомври е префрлен на лекување во Скопје. Тој беше началник на СВР Велес во периодот на техничката Влада, во првата половина на годината. Ангеловски е 27. жртва на коронавирусот во велешко, 11. за седум дена од Велес.

    Вчера пак почина свештеник на 58 годишна возраст од Велешко архијерејско намесништво на МПЦ-ОА, кој служел во Богомила. И тој според надлежните од велешката Болница починал од последици предизвикани од ковид-19.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира