ОД СЕРВИС УКРАДЕН КАМИОН ЗА СОБИРАЊЕ ЃУБРЕ НА СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“

    ОД СЕРВИС УКРАДЕН КАМИОН ЗА СОБИРАЊЕ ЃУБРЕ НА СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“„Камионот поради дефект беше на сервис и од таму е украден, веднаш пријавивме во полиција“, велат од „Комунална хигиена“ (Фото: Град Скопје)

    Камион за собирање ѓубре на скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“ е украден минатиот викенд. Камионот поради дефект, вработените во претпријатието го однеле на сервис. Поправките кога ќе се расипат возилата траат неколку дена, но дека го нема камионот вработените во сервисот со кој „Комунална хигиена“ склучила договор, забележале на 12 ноември.

    „Камионот бил во гаража, во подрумот на сервисот. Најверојатно е украден за време на викенот кога бил затворен севрисот. Луѓето ни јавија во понеделникот и ние веднаш пријавивме во полиција. До сега ваков случај не сме имале. Ни ги крадат кантите, контејнерите или ги кршат за да ги продаваат како старо железо, но да ни се украде возило не се случило. Станува збор за помалите камиони со кои собираме ѓубре низ населбите“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив е пријавен овој случај и работат на негово расчистување.

    „На 12 ноември е пријавено во полициска станица дека е одземено товарно возила марка ‘рено’ на 5 ноември во период од 20 до 21.20 часот на улица Трета Македонска бригада. Возилото не било заклучено, се работи на случајот“, велат од МВР.

    ЈП „Комунална хигиена“ има само 26 камиони за собирање ѓубре низ скопските улици и булевари.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира