ОД УТРЕ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ИМА САМО ОД 5 ДО 9 И ОД 13 ДО 16 ЧАСОТ

    ОД УТРЕ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ИМА САМО ОД 5 ДО 9 И ОД 13 ДО 16 ЧАСОТКако што објаснуваат од ЈСП „Скопје“ автобуси ќе има во периодот кога граѓаните одат и се враќаат од работа.(Фото: СДК.МК)

    Од утре автобуси во Скопје ќе има само од 5 до 9 часот наутро и од 13 до 16 часот попладне. Од 9 до 13 часот автобуси на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници во работните денови нема да возат. Исто така поради полицискиот час автобуси нема да има ниту за викендите.

    Како што објаснуваат од ЈСП „Скопје“ автобуси ќе има во периодот кога граѓаните одат и се враќаат од работа.

    „Автобусите во овие термини ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23, кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Согласно одлуката на Влада за забрана за движење од петок од 16 часот до 5 часот во понеделник, автобуси за време на викенд нема да има.

    Од понеделник до петок, дел од билетарниците и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а дел ќе бидат затворени. За викенд нема воопшто да работат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира