ОД УТРЕ ДО САБОТА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ЌЕ СОБИРА СТАР МЕБЕЛ И ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД НИЗ СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ

    ОД УТРЕ ДО САБОТА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ЌЕ СОБИРА СТАР МЕБЕЛ И ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД НИЗ СКОПСКИТЕ ОПШТИНИЌе се постават специјални садови во коишто граѓаните ќе можат да го одложат стариот мебел и отпадот од електричната и електронската опрема.(Фото: Комунална хигиена)

    Од утре до сабота ЈП „Комунална хигиена“ ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во сите скопски општини. Во рамките на акцијата, претпријатието ќе постави специјални садови во коишто граѓаните ќе можат да го одложат стариот мебел и отпадот од електричната и електронската опрема.

    „Законот за јавна чистота забранува кабастиот отпад да се одлага на јавни површини, а неговото несовесно исфрлање резултира со создавање диви депонии. Од овие причини одлучивме на жителите на градот Скопје да им понудиме можност својот кабаст отпад да го одложат во специјални садови што ќе бидат поставени во непосредна близина на нивните домови. Ги повикуваме  граѓаните да ја искористат можноста за одлагање кабаст отпад во рамките на акцијата што истовремено ќе се одвива во сите скопски општини“, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.

    Контејнерите наменети за одлагање кабаст отпад, ќе бидат поставени на следните локации:

    Општина Бутел

    1. Скопје Север – кај Стокомак
    2. Бутел 2 – на платото кај џамијата
    3. Помегу прв и втор влез во Радишани
    4. Спроти црквата Свети Јован кај трансформаторот во Бутел 1

    Општина Аеродром

    1.Населба Јане Сандански на булеваер АСНОМ бр. 68

    2.Населба Стар Аеродром на улица Коста Новаковиќ бр.48

    3.Населба Ново Лисиче на булевар Видoe Смилевски Бато бр. 19

    4.Населба Ново Лисиче на булевар АСНОМ бр.5 (кај „Рамстор“)

    Општина Чаир

    1.Раскрсницата меѓу бул. Цветан Димов и ул. Коста Абрашевиќ

    2.Улица Ферид Мурад, до средното училиште Цветан Димов, кај Топлана Север

    3.Улица Крсте Асенов бр. 5 кај контејнерите (до чајџилница Пајтон)

    4.Раскрсницата меѓу улица Дижонска и Втора македонска бригада

    Општина Kaрпош

    1. Тафталиџе 2, на улица „Женевска“ (автобуска постојка на последна 24-ка)
    2. Козле, кај ресторанот „Македонска куќа“
    3. Долно Нерези, на улицата Ванчо Мицков
    4. Влае позади Порта Влае, кај контејнерите, во близина на автобуската постојка

    Општина Шуто Оризари

    1.Автобуска постојка на последна 19-ка

    2.Спроти затворот, кај Жуто Лукс

    3.На паркингот зад општината Шуто Оризари

    Општина Ѓорче Петров

    1.Ѓорче 2, автобуска постојка на последна 5-ка

    2.Хром, автобуска постојка на последна 4-ка

    3.Стара полициска станица

    4.Месна заедница Геге

    Општина Гази Баба

    1.Ченто, улица Маџари, спроти ресторан „Далиа“

    2.Автокоманда, улица Лазар Поп Трајков, кај месната заедница

    3.Алија Авдовиќ, улица Методија Андонов.Ченто, кај кај месната заедница

    4.Триангла, улица Благоја Стефковски, кај Кам маркет

    Општина Кисела Вода

    1.Населба Драчево на улица Бранко Заревски бр.17, Парк на бранители

    2.Населба Кисела Вода на улица Христо Татарчев (главна) наспроти ЈДГ 8-ми Март

    3.Населба Цветан Димов на улица Георги Димитров (заден влез на СГУ Васил Антевски Дрен)

    4.Населба Црниче на улица Наум Охридски бб (пред УЗ Црниче)

    Општина Центар

    1.Паркинг на Паркинзи Центар спроти Веро Џамбо

    2.Улица Питу Гули, кај Тинекс (населба Водно)

    3.Влезот на ООУ „Ј.Х.Песталоци“

    4.Дебар Маало, кај кружниот тек

    Општина Сарај

    1.Кај претоварната станица на „Комунална хигиена“

    2.Локација на старата општина Сарај

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира