ОД УТРЕ НЕМА БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ, АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ПОД ПРАГОТ ЗА АЛАРМИРАЊЕ

    ОД УТРЕ НЕМА БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ, АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ПОД ПРАГОТ ЗА АЛАРМИРАЊЕСамо на едно мерно место во Скопје аерозагадувањето е над 200 микрограми на кубен метар, а за да важат мерките зголемени концентрации треба да има на две мерни места (Фото: Ѓ.Личовски)

    Од утре се укинуваат мерките за намалување на аерозагадувањето во Скопје, соопшти Министерството за животна средина.

    „Согласно податоците од Државниот автомастки мониторинг систем за квалитетот на воздухот среднодневните концентрации на РМ10 честички се под дефинираниот праг за алармирање, односно се под 200 микрограми на кубен метар и поради стабилната временска прогноза мерките од утре престануваат да важат. Според податоците од мониторинг системот само на едно мерно место во Скопје концентрацијата на ПМ10 е над 200 микрограми на кубен метар, а за да важат мерките надминување на концентрациите треба да има на најмалку две мерни места“, велат од Министерството за животна средина.

    Скопскиот градоначалник Петре Шилегов рече дека бесплатниот автобуски превоз се укинува од утре, иако и денес аерозагадувањето е под прагот за алармирање.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира