ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА МАНАСТИРОТ „СВЕТИ НАУМ“ НА ПОПОВА ШАПКА

    ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА МАНАСТИРОТ „СВЕТИ НАУМ“ НА ПОПОВА ШАПКАСо светата литургија богослужеше митрополитот г. Јосиф (Фото: СДК.МК)

    Големиот црковен празник Св. Наум Охридски традиционално беше одбележан во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка. Во присуство на свештеници и верници од Тетовско-гостиварската епархија, со светата литургија богослужеше митрополитот г. Јосиф.

    „Денеска сме тука во манастирот на Попова Шапка посветен на Св. Наум Охридски да го прославуваме Чудотворецот. Го прославуваме оној кој многу добро го разбрал Евангелието, кој својот овоземен пат го изодил според тоа Евангелие, спечалувајќи вечен и блажен живот. Токму божјите угодници се наши огледала, примери и патеводители во нашиот живот, ни покажуваат како да го одиме нашиот пат, исполнет со вера, покајание и исповедание. Само така ќе можеме да ги надминеме сите пречки што нè снаоѓаат во нашиот живот“, истакна митрополитот г. Јосиф.

    По литургијата беа благословени и прережани кумските лебови.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира