ОДЛЕТА СТИРОПОРОТ ОД ФАСАДАТА НА МЕПСО ОД 11 МИЛИОНИ ЕВРА, ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „СКОПЈЕ 2014“

    ОДЛЕТА СТИРОПОРОТ ОД ФАСАДАТА НА МЕПСО ОД 11 МИЛИОНИ ЕВРА, ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „СКОПЈЕ 2014“Менувањето на фасадата на МЕПСО во неокласицистички стил чинеше 11 милиони евра. - Отпаднати парчиња од синоќешниот ветер (Фото: Град Скопје)

    Во вчерашното невреме одлетаа делови од покривот и фасадата од зградата на МЕПСО, во центарот на Скопје. Парчиња од стиропор и гипс се паднати и расфрлани околу зградата и врз службените возила.

    „Освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот ‘Скопје 2014’ е и небезбеден за животите на луѓето“, кажа Шилегов, кој претходно најави дека по изборите ќе ги „реши“ спомениците од проектот.

    Менувањето на фасадата на МЕПСО во неокласицистички стил чинеше 11 милиони евра.

    Од Хидрометеоролошкиот завод велат дека ветерот синоќа бил со јачина од 70 километри на час.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари