ОДЛОЖЕНА СЕДНИЦАТА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ОХРИД ОТИ НЕМАШЕ КВОРУМ

    ОДЛОЖЕНА СЕДНИЦАТА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ОХРИД ОТИ НЕМАШЕ КВОРУМСо овие точки беше најавено вклопување на дивоградби во Пештани, Долно Лакочереј, Лескоец, Ливоишта, Велестово, Вапила, Коњско, Охрид 4, Косел, Завој, Оровник и Трпејца.(Фото: СДК.МК)

    Советниците на Советот на Општина Охрид денес не расправаа по точките за легализација на дивоградбите во охридско, бидејќи немаше кворум за одржување на седницата.

    Со овие точки беше најавено вклопување на дивоградби во Пештани, Долно Лакочереј, Лескоец, Ливоишта, Велестово, Вапила, Коњско, Охрид 4, Косел, Завој, Оровник и Трпејца.

    „Редовните и тековните обврски на Општината не смеат да бидат злоупотребувани за политички поткусурувања и евтина политичка пропаганда. Се повлекуваат сите точки на дневниот ред поврзани со легализирање на бесправно изградени објекти“, велат од Општина Охрид.

    Пред да бидат тргнати точките од дневен ред, реакција до Општината испратија од Охрид СОС, барајќи да не се дозволи легализација, со која би се случило нови Лагадини.

    “Се предлага легализирање на парцели кои според катастарската евиденција воопшто не се водат како градежно земјиште. Државата сама посегнува кон нелегално градење и ги прекршува сопствените закони. На дел од парцелите нема изградени објекти. Што тоа се легализира? Дали локалната власт издава бланко карта за легализација уште пред да биде изградено, за потоа да се гради кој, како и колку сака“, напишаа во својата реакција од Охрид СОС.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира