Полицијата го приведе 48-годишниот битолчанец И. М., вработен во Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, откако го затекна како краде нафта од резервоарот на парното за греење во училиштето. Според потврдени извори, станува збор за лице кое го одржувало парното во школото.
Од полицијата соопштија дека бил фатен со 12 туби со 260 литри нафта на паркингот пред Медицинското училиште, утрово во 05.15 часот. Тубите со гориво ги имал стевно во возило „пежо“.
Осомниченото лице е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.
Ж. ЗДРАВКОВСКА