ОХРИД ДОНЕСЕ ОДЛУКА ВЕЌЕ ДА НЕ ФИНАНСИРА КОНЦЕРТИ НА ЦЕЦА, ЛЕПА БРЕНА, СЕВЕРИНА И ДРУГИ БАЛКАНСКИ ЕСТРАДНИ ЅВЕЗДИ

    ОХРИД ДОНЕСЕ ОДЛУКА ВЕЌЕ ДА НЕ ФИНАНСИРА КОНЦЕРТИ НА ЦЕЦА, ЛЕПА БРЕНА, СЕВЕРИНА И ДРУГИ БАЛКАНСКИ ЕСТРАДНИ ЅВЕЗДИГрадот заклучил дека најголем ќар од ваквите концерти имале продукциските куќи кои ги организираат (Фото: Фејсбук)

    Советниците од Општина Охрид на последната седница речиси едногласно одлучија веќе да не се издвојуваат општински пари за кофинансирање на концерти на балкански естрадни ѕвезди. Вакви музички манифестации редовно се одржуваа во Охрид во шпицот на туристичката сезона, на просторот кај спортската сала „Билјанини Извори”.

    „Кога направивме анализа, видовме дека најголема корист од вакви концерти имаат продукциските куќи од земјава, кои ги организираат. Градот нема никаков ќар. Градот секоја година во периодот од 14 јули до 15 август е полн со гости, а ваквите концерти не носат нови туристи. Заклучивме дека ниту од државјаните од соседните земји нема некој голем интерес за вакви манифестации”, соопштија од локалната самоуправа.

    Неофицијалните податоци покажуваат дека само лани неколку продукциски куќи собрале околу 5,5 милиони денари од одржувањето на концертите.

    Во шпицот на туристичката сезона, изминативе години во Охрид настапуваа Северина, Марија Шерифовиќ, Цеца Ражњатовиќ, Лепа Брена и други естрадни ѕвезди од регионов.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира