ОХРИД НУДИ НУРКАЊЕ СО ПОСЕТА НА КОЛОНИЈАТА РАКОВИ ВО ЕЗЕРОТО

    ОХРИД НУДИ НУРКАЊЕ СО ПОСЕТА НА КОЛОНИЈАТА РАКОВИ ВО ЕЗЕРОТОКолонијата ракови се наоѓа на длабочина од 9 до 14 метри. (Фото: Акватек)

    Посетата на подводна колонија слатководни ракови во Охридското Езеро стана нова туристичка атракција во Охрид, што ја овозможија нуркачите од Центарот за подводни активности „Акватек“. Колонијата се наоѓа на длабочина од 9 до 14 метри.

    Нуркачот Никола Паскали појаснува дека туристите предходно имаат пробно нуркање,а потоа заедно со искусни нуркачи нурнуваат во езерските длабочини.

    Колонијата на слатководни ракови е откриена кај Лагадин на таканаречената веѓа,која е граница меѓу плитките и длабоките води. Ова го знаеле со генерации охридски рибари. Слатководниот рак пред повеќе децении го имаше речиси под секој камен потоа мистериозно исчезна, за повторно да се појави пред неколку години.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира