ОХРИД ВЕЌЕ НЕМА ДА ДАВА ПАРИ ЗА КОНЦЕРТИ НА ЕСТРАДНИ ЅВЕЗДИ ВО ЕКОТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА

    ОХРИД ВЕЌЕ НЕМА ДА ДАВА ПАРИ ЗА КОНЦЕРТИ НА ЕСТРАДНИ ЅВЕЗДИ ВО ЕКОТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНАДосега најпосакуван термин за продукциските куќи беше периодот од 15 јуни до август, кога градот е полн со туристи (Фото: СДК.МК)

    Охрид веќе нема да издвојува пари од буџетот за организирање концерти на музички, главно ексју ѕвезди во екот на туристичката сезона. Анализите говорат дека најголем ќар од тоа имале разни продукции во земјава, кои организираат вакви музички манифестации.

    Според наши извори, на следната седница на Градскиот совет ќе биде поднесен предлог градот во иднина да не учествува со свои средства во организацијата на вакви концерти. Досега најпосакуван термин за продукциските куќи беше периодот од 15 јуни до август, кога ривиерата е преполна со туристи. Во овој термин, во Охрид во последните години кај Билјанини Извори, меѓу другите, настапуваа Северина, Марија Шерифовиќ, Лепа Брена и многу други естрадни ѕвезди од регионов.

    Лани, само две продукциски куќи зеле 5,5 милиони денари за организација на повеќе концерти.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира