ОХРИДСКИОТ ДВОКАТЕН АВТОБУС ШТО ИСЧЕЗНА ЛАНИ ПОВТОРНО ЌЕ ВОЗИ ОД МАЈ

ОХРИДСКИОТ ДВОКАТЕН АВТОБУС ШТО ИСЧЕЗНА ЛАНИ ПОВТОРНО ЌЕ ВОЗИ ОД МАЈАвтобусот исчезна минатото лето и по долго време беше откриен во една хала на компанијата ЕМО од Охрид

Охридскиот двокатен автобус, што минатата година мистериозно исчезна, ЈП „Билјанини Извори” го поправи и од мај ќе почне да вози туристи, како и ученици од охридските училишта.

„Двокатниот автобус сега е конзервиран и паркиран во гаража, за од мај повторно да биде ставен во функција. Ние го поправивме со околу 5.000 евра, а поправката по распишан тендер ја изврши ‘Думакс експрес‘. Возилото беше демолирано пред повеќе од една година од едно лице кое го тужевме и тој треба да ја надомести штетата”, кажа директорката на ЈП „Билјанини Извори”, Гордана Јованоска.

Двокатниот автобус мистериозно исчезна минатото лето и долго време никој не знаеше каде се наоѓа. На крај беше откриен во една хала на компанијата ЕМО од Охрид. Тука беше сокриен од јавноста и не беше во употреба поради искршени стакла, а беа демолирани и некои други негови делови.

Д. ЧУБРИЌ

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира