ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО НА КЕЈОТ ИСФРЛИ 20 МЕТРИ КУБНИ ТРСКА

    ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО НА КЕЈОТ ИСФРЛИ 20 МЕТРИ КУБНИ ТРСКАТоа е трската што деновиве ја откорнаа брановите и силниот ветер. (Фото: СДК.МК)

    Охридското Eзеро на градскиот кеј исфрли околу 20 метри кубни трска. Денеска комуналците со трактори и со кајчиња го исчистија овој дел од брегот, кој е и омилено шеталиште за охриѓани и за гостите.

    „Во текот на денешниов ден, ангажиравме повеќе работници кои од кејот, во близина на Холандскиот парк, подигнаа околу 20 мерти кубни трска. Тоа е трската што деновиве ја откорнаа брановите и силниот ветер. Во овој период еден дел од трската сама се распаѓа, а на нејзино место никне нова”, вели директорот на „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски.

    На овој дел од кејот, всушност, и почнува просторот кој е покриен со трска и продолжува во правец на Горица.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира