ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПАК СЕ СУШИ

    ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПАК СЕ СУШИНивото на езерото е на 695,22 см, што е пет сантиметрки над официјалната кота од која се мери водостојот (Фото: Д. Чубриќ)

    Охридското Езеро пак се суши. На крајбрежјето, на градскиот кеј, повторно се појави суво езерско дно.

    Од УХМР официјално соопштуваат дека нивото на езерото е на 695,22 см, што е само пет сантиметри над официјалната кота, од која се мери водостојот. Алармот се вклучува кога нивото ќе падне на 695,10 см.

    Оваа година, живиот свет во езерото во февруари го доживеа најголемиот шок поради наглото смалување на езерското ниво. Тогаш имаше големи суви површини на езерскиот брег долж источното крајбрежје.

    Познатиот охридски биолог, професор д-р Трајче Талевски, за време на наглото празнење на водата во Охридското Езеро меѓу првите предупреди дека тоа негативно ќе се одрази врз флората и фауната и бараше итно да се запре истекот на водата.

    Будно ве следиме, напиша тој деновиве, алудирајќи на состојбата во која се најде Езерото на почетокот од годинава и предупреди дека тоа не смее повторно да се случи.

    Тендецијата на намалување на нивото на Охридското Езеро продолжува и деновиве, што поради сушниот период, што поради испуштање на водата за потребите на хидроцентралите на Црн Дрим.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира