ОХРИЃАНИ ЌЕ ДОБИВААТ ВОДА ОД ПУМПИ КОИ ЌЕ РАБОТАТ НА СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА

    ОХРИЃАНИ ЌЕ ДОБИВААТ ВОДА ОД ПУМПИ КОИ ЌЕ РАБОТАТ НА СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈАПумпните станици преку кои градот се снабдува со вода трошат многу струја (Фото: СДК.МК)

    Охриѓани наскоро ќе добиваат вода од пумпи кои ќе работат на сончева енергија, најавија од јавното претпријатие „Водовод”.

    „Се одлучивме за еден ваков проект бидејќи пумпните станици преку кои градот се снабдува со вода трошат многу струја. Само станицата кај хотелот ‘Метропол‘ месечно прави трошок од два милиони денари. Вкупно, за сите вакви станици ние месечно плаќаме 3,5 милиони денари, што не се мали средства. Во прво време сакаме да поставиме фотопанели во близина на ‘Метропол‘ и има фирма која ќе нѐ снабди со вакви уреди”, ни изјави директорот на „Про-аква“, Владимир Алексиоски.

    Во наредните месеци, „Водовод” во соработка со Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој за 20 милиони денари ќе ги замени сите пумпи за водоснабдување во пумпните станици „Метропол“, „Трпејца“ и „Љубаништа“. Со тоа, трошоците за електрична енергија ќе се намалат за половина.

    Пумпните станици во Охрид работат со полн капацитет во текот на летната сезона, кога бројот на жителите двојно се зголемува.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира