ОХРИЃАНИ ВО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВЕЛОСИПЕДИ ГЛЕДААТ СПАС ОД СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС

    ОХРИЃАНИ ВО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВЕЛОСИПЕДИ ГЛЕДААТ СПАС ОД СООБРАЌАЈНИОТ ХАОСНајголем интерес за возење на електричен велосипед има кај странските туристи. (Фото: СДК.МК)

    Охрид ја збогати туристичката понуда со електрични велосипеди кои може да се изнајмат на повеќе локации низ градот.  Охриѓани се надеваат дека ова превозно средтсво ќе ја намали гужвата во сообраќајот во шпицот на сезоната.

    „Електричните велосипеди се одличен начин на транспорт, кој им помага на луѓето да добијат фантастичен тренинг додека патуваат со брзина иста како и автомобил. Можеби е потребно време, но мора да ги менуваме навиките и да бараме подобар и поздрав начин на транспорт. Во лето ни се случува сообраќаен хаос , а ова е можност за порелаксиран и поздрав одмор“, велат граѓаните.

    Со електричните велосипеди може да се достигне брзината на автомобилот, а се разликува од традиционалниот велосипед по зголемениот степен на удобност, безбедност и брзина.

    „Нашата палета на напредни е-велосипеди е наменета за авантуристички поединци кои бараат возбуда од чиста, кинетичка моќ што го надополнува нивниот престој во Македонија“, велат од компанијата „Е-пауер“.

    Најголем интерес за возење на електричен велосипед има кај странските туристи кои велат дека убавините на градот можат подобро да ги доживеат доколку возат велосипед, но исто така го подобруваат и здравјето.

    „Возењето велосипед е одличен начин за подобрување на целокупното здравје и одржување на добра кондиција и физичка спремност на телото. Додека возите велосипед ги запазувате сите убавини на градот, изложени сте на сончеви зраци, а со тоа ви се подобрува расположението. Стигнувате многу брзо без многу напор“, вели турист од Белгија.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира