ВЕЛЕШКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ИСТРАЖУВА ДАЛИ ВО ПАНДЕМИЈАТА ИМАЛО ПРОДАЖБА НА ВАКЦИНАЛНИ ПОТВРДИ НА ЛИЦА КОИ НЕ БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19

    ВЕЛЕШКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ИСТРАЖУВА ДАЛИ ВО ПАНДЕМИЈАТА ИМАЛО ПРОДАЖБА НА ВАКЦИНАЛНИ ПОТВРДИ НА ЛИЦА КОИ НЕ БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19Вакциналниот пункт во училиштето „Коле Неделковски“ беше отворен на 25 мај 2021 и работеше до 31 август таа година (Фото: СДК.МК)

    Во 2022 Основното јавно обвинителство Велес започнало истрага за наводна продажба на потврди за вакцинирање против ковид-19 иако лицата не биле вакцинирани. Обвинителството работело по допрен глас дека поединци се вакцинирани, иако во пракса тоа не се случило.

    Ова се однесува за периодот додека работеше вакциналниот пункт во средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес.

    „Предметот е во фаза на предистражна постапка, во рамките на која се преземени повеќе дејствија и испитани се сведоци. Во тек е прибавување документација од Министерството за здравство и друга документација, по што ќе биде донесена одлука“, информираа од ОЈО Велес.

    Вакциналниот пункт во училиштето „Коле Неделковски“ беше отворен на 25 мај 2021 и работеше до 31 август истата година за потребите на велешани, но и на жителите од соседните општини. Вакцинацијата ја вршеа медицински сестри, а во евиденцијата на граѓаните кои се вакцинираа, освен докторите, беа вклучени и бројни надворешни поединци, кои можеа со печат да потврдат дека едно лице примило вакцина против ковид-19.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира