ОПАСНИОТ ОТПАД ОД ВЕЛЕШКА КРЗНАРА СЕ ТРАНСПОРТИРА ВО АВСТРИЈА, НЕМА ДА СЕ ЧУВА ВО КРУГОТ НА ФАБРИКАТА

    ОПАСНИОТ ОТПАД ОД ВЕЛЕШКА КРЗНАРА СЕ ТРАНСПОРТИРА ВО АВСТРИЈА, НЕМА ДА СЕ ЧУВА ВО КРУГОТ НА ФАБРИКАТАМенаџментот на фабриката обезбеди документација и дозволи за прекугранично отстранување на опасниот отпад во Австрија, како крајна дестинација каде ќе се одлага, а се транспортира преку Србија, Хрватска и Словенија. (Фото: СДК.МК)

    Крзнарата „Димко Митрев“ од Велес започна со извоз на опасниот отпад, кој повеќе нема да биде складиран во кругот на фабриката. За да добие„ Б“ Интегрирана дозвола, Крзнарата имаше обврска опасниот отпад да го собира во пластични танкови и да го складира на локацијата сè до неговото предавање.

    Менаџментот на фабриката обезбеди документација и дозволи за прекугранично отстранување на опасниот отпад во Австрија, како крајна дестинација каде ќе се одлага, а се транспортира преку Србија, Хрватска и Словенија.

    „На 26 март годинава, се извезе првата количина опасен отпад од 21,5 тон кој се создава од обезмастување на кожите и истиот содржи растворувач прехлоретилен. Документите се комплетирани во согласност со регулативата на Европскиот парламент и Европскиот совет за испорака на отпад, Националниот закон за ратификација на Базелската конвенција за контрола и прекугранично движење на отпадот и Законот за управување со отпад. Дозволата е издадена за извоз на 50 тони опасен отпад, или до крајот на годината ќе се извезе уште една количина од опасниот отпад“, соопштија од велешката Крзнара.

    Фабриката безмалку целото производство на крзнени производи го извезува во Скандинавија и опстана како една од малкуте активни фабрики за преработка на крзно на Балканот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира