ОПШТИНА АЕРОДРОМ 4 МЕСЕЦИ ЌЕ ГИ РЕНОВИРА ПАРКИНЗИТЕ И СЕРВИСНИТЕ УЛИЦИ ДОЛЖ БУЛЕВАРОТ ЈАНЕ САНДАНСКИ

    ОПШТИНА АЕРОДРОМ 4 МЕСЕЦИ ЌЕ ГИ РЕНОВИРА ПАРКИНЗИТЕ И СЕРВИСНИТЕ УЛИЦИ ДОЛЖ БУЛЕВАРОТ ЈАНЕ САНДАНСКИВкупната површина е 36 илјади квадратни метри, а како што кажа градоначалникот Златко Марин, во 4 фази ќе се реконструираат сите паркинзи, како и сервисните улици и тротоарите на овој потег. (Фото: Општина Аеродром)

    Општина Аеродром денеска почна со градежни работи за реконструкција на паркинзите долж булеварот Јане Сандански. Вкупната површина е 36 илјади квадратни метри, а како што кажа градоначалникот Златко Марин, во 4 фази ќе се реконструираат сите паркинзи, како и сервисните улици и тротоарите на овој потег. Потоа, во соработка со ЈП „Градски паркинг“ кое стопанисува со паркинзите, ќе се обележат паркинг местата и ќе постави нова вертикална и хоризонтална сигнализација.

    „Станува збор за едно од најфреквентните места во нашата Општина, а покрај жителите од околните згради, овој паркинг редовно го користат и посетители на трговските центри кои се наоѓаат во непосредна близина, и затоа цениме дека е од голема важност неговото уредување“, рече градоначалникот Марин.

    Реконструкцијата на паркинзите ќе трае 4 месеци.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира