ОПШТИНА АЕРОДРОМ ВО ФОНТАНИТЕ ЌЕ САДИ ЦВЕЌИЊА И ДРВЦА ОТИ Е СКАПО ОДРЖУВАЊЕТО

    ОПШТИНА АЕРОДРОМ ВО ФОНТАНИТЕ ЌЕ САДИ ЦВЕЌИЊА И ДРВЦА ОТИ Е СКАПО ОДРЖУВАЊЕТОПрва е уредена фонтана во близина на трговскиот центар „Бисер“. (Фото: Општина Аеродром)

    Од фонтаните низ Општина Аеродром веќе нема да прска вода туку во нив ќе се садат цвеќиња и зеленило. Градоначалникот Златко Марин денеска се пофали дека некогашната фонтана во близина на трговскиот центар „Бисер“ добила сосема нов лик „прераснувајќи во катче хортикултурно уредено со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја“ и најави дека и другите фонтани повеќе нема да прскаат.

    „Општината се одлучи на ваквиот чекор поради скапото одржување на фонтаната стара 12 години. Во наредниот период хортикултурно ќе бидат уредени и други фонтани, кои за аеродромци ќе претставуваат вистинско зелено катче каде што ќе можат да уживаат во пролетните и летните денови. Исто така, ќе биде поставена и нова урбана опрема, со нови клупи и канти за отпадоци“, рече Марин.

    А. АНТЕВСКА       

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира