Општина Битола нема да се откаже од реконстрикцијата на стадионот „Под Тумбе кафе“, проект кој редовно се наоѓаше во изборните програми на ВМРО-ДПМНЕ. Но освен што ја урнаа северната трибина и се постави подземната инфаструктура, страдионот не се изгради.
Во буџетот на Општина Битола за следната година веќе се предвидени 1,3 милиони евра за реконструкција на стадионот. Зафатот ќе биде во фази, па до 2020, до кога е планирано градбата да заврши, ќе се вложат над 8,7 милиони евра.
„Имаме намера стадионот да го доградиме. Покрај сверната трибина, ќе ги поставиме и монтажните трибини зад головите. Знаме дека фалат и столчињата и рефлекторите, но оваа локална самоуправа нема ни од нив лесно да се откаже“, рече претседателот на Советот Валентин Груевски.
Но, покрај стадионот кој допрва ќе се гради, проблем се и долговите на фудбалскиот клуб „Пелистер“, за кој Груевски рече дека должи 215.000 евра. Општината е подготвена да го преземи мнозинскиот пакет акции, доколку досегашните акционери ги подмират долговите.
„Доколку мнозинските акционери го остават клубот со подмирени долгови, со чисти сметки, спремни сме да го преземеме. Спремни сме да обезбедиме и финансии и стручност клубот да продолжи да се напреварува. Знаеме дека постои огромна нервоза кај љубителите на фудбалот за заминувањето на одредени фудбалери. Но, Битола не може и нема да плаќа играчи кои имале договори од 4.000 евра месечно. Ние такви пари немаме“, рече Груевски.
Ж. ЗДРАВКОВСКА