ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ НАПРАВИ ПОСТАР И ПОУБАВ ШАДРВАН, СИМБОЛОТ НА ГРАДОТ СЕ РЕКОНСТРУИРА

    ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ НАПРАВИ ПОСТАР И ПОУБАВ ШАДРВАН, СИМБОЛОТ НА ГРАДОТ СЕ РЕКОНСТРУИРАOпштина Битола вели дека при реконструкцијата нема да користат нов градежен материјал туку ќе ги зачуваат старите камени коцки вградени во шадрванот што датира од отоманско време (Фото: СДК.МК)

    Откако утрово се крена голема прашина кој руши дел од стариот шадрван во центарот што е симбол на градот, Oпштина Битола дури во 15 часот испрати соопштение во кое пишува дека тaa го реконструира шадрванот што датира и отоманско време.

    Во соопштението пишува дека Oпштината се грижи  за објектите кои се печат на Битола и ги штити од уништувања предизвикани од времето и несовесно однесување на поединци.

    „Реконструкцијата на шадрванот се реализира согласно предвидената годишна програма  за уредување на градежно земјиште, врз основа на претходно спроведена постапка, изработен проект и добиено конзерваторско мислење. Со проектот, објектот ќе добие функција и намена зачувувајќи ја историската вредност, а местото ќе се разубави“, пишува во соопштението.

    Општината подоцна на нашите написмено доставени прашања дали ќе користат нов градежен материјал или ќе ги зачуваат старите камени коцки вградени во шадрванот, одговори дека ќе работат со стариот материјал и нема да користат нов.

    Шадрванот се наоѓа во напосредна близина на Јени џамија чија реставрација е во завршна фаза. Шадрванот е симбол на Битола, опеан и во песната која му била омилена на таткото на модерна Турција, Кемал Ататурк. Реконструкцијата започна без никаква претходна најава и предизвика многу рекции меѓу битолчани, посебно и затоа што зафатот се презема пред избори.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира