ОПШТИНА БИТОЛА КУПИ 2.635 КОРПИ И КОНТЕЈНЕРИ ЗА ЃУБРЕ

    ОПШТИНА БИТОЛА КУПИ 2.635 КОРПИ И КОНТЕЈНЕРИ ЗА ЃУБРЕВо набавката има корпи за отпадоци кои ќе се постават на Широк Сокак, канти за селектирање отпад, метални и големи канти за ѓубре, контејнери. (Фото: СДК.МК)

    Нови 2.635 садови за отпад набави ЈП „Комуналец“ од Битола. За првпат во Битола се набавува одеднаш толку голема количина на садови за ѓубре со кои ќе се заменат старите, а ќе се постават и на места каде што недостасувале со цел одржување на поголема хигиена во градот.

    Во набавката има корпи за отпадоци кои ќе се постават на Широк Сокак, канти за селектирање отпад, метални и големи канти за ѓубре, контејнери.

    „Продолжуваме со воспоставувањето на организиран интегриран систем на управување со отпад на територија на општина Битола. Во тек е замена на контејнери во Битола, во подпелистерските села Нижеполе, Трново-Магарево и Дихово. Се подотвуваме за прв пат да организираме подигање на отпад во 8 села во поранешна Општина Цапари. За таа цел се набавени 170 контејнери кои веќе се заменуваат со одредена динамика. Во тек е и поставување на нова урбана опрема, корпи за отпадоци, клупи, жардинери, детски реквизити и друго“, рече Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“ од Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира