ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ КУПУВА 14 МАШИНИ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ ПЛАСТИКА ОД КОИ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПАРИ

    ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ КУПУВА 14 МАШИНИ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ ПЛАСТИКА ОД КОИ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПАРИОпштина Центар прва постави машини за рециклирање пластика со поврат на пари. (Фото: СДК.МК)

    Општина Карпош најавува дека ќе купи 14 машини за рециклирање на пластика, а граѓаните за секое фрлено шише ќе добиваат пари. Вакви машини лани во ноември прва постави Општина Центар преку проект на ЈП „Паркинзи Општина Центар“.

    Од кабинетот на градоначалникот Стефан Богоев велат дека во напредна фаза е проектот за обезбедување на машини за рециклирање на пластика и механизација за кабаст отпад, во рамки на повикот „ЕУ за општините“.

    „Покрај тоа што граѓаните ќе рециклираат, со овој проект и ќе заработуваат. Исто така, имајќи предвид дека одложувањето на кабастиот отпад е еден од поголемите проблеми, во рамки на истиот проект се предвидува и набавка на еден камион со четири големи контејнери за кабаст отпад. Намерата на Општината е овие контејнери да ротираат по населбите и локалното население да знае во кои денови од месецот ќе можат да одложуваат шут, мебел, делови од домаќинство“, велат од Општина Карпош.

    Општината најавува дека оваа пролет ќе се уредат четири јавни површини во маалски паркови, а ќе бидат засадени и 150 висококвалитетни дрвја.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира