ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ПЛАЌА ПОЛА ОД ЦЕНАТА ЗА УЖИНКАТА НА УЧЕНИЦИТЕ

    ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ПЛАЌА ПОЛА ОД ЦЕНАТА ЗА УЖИНКАТА НА УЧЕНИЦИТЕОпштината ќе покрива 250 денари од трошокот, а останатите 250 денари ќе бидат обврска за родителот.(Фото: СДК.МК)

    Општина Карпош ќе ја субвенционира ужинката за сите ученици кои посетуваат настава со физичко присуство. Општината ќе покрива 50 отсто од износот на месечниот надоместок односно ќе покрива 250 денари од трошокот, а останатите 250 денари ќе бидат обврска за родителот.

    „Субвенцијата се однесува на второто полугодие од оваа учебна година, како и за наредната учебната година 2021/2022. И во услови на пандемија, кога наставата се одвива под посебни протоколи, основната цел на локалната самоуправа е да биде поддршка на учениците, родителите, наставниот и административно-техничкиот кадар во училиштата“, велат од Општина Карпош.

    За спроведување на оваа мерка од буџетот на Општината за оваа година се предвидени. 3.600.000 денари.

    Во моментов, според протоколите на Владата, настава со физичко присуство посетуваат само учениците од прво до трето одделение.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира