ОПШТИНА ТЕТОВО ГО ОТКАЖА ТЕНДЕРОТ ЗА ЗИМСКО ОДРЖУВАЊЕ НА УЛИЦИТЕ, ЌЕ ГИ ЧИСТИ КОМУНАЛНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ

    ОПШТИНА ТЕТОВО ГО ОТКАЖА ТЕНДЕРОТ ЗА ЗИМСКО ОДРЖУВАЊЕ НА УЛИЦИТЕ, ЌЕ ГИ ЧИСТИ КОМУНАЛНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕГрадоначалникот Касами појасни дека не сакал уште повеќе да ја задолжува општината (Фото: СДК.МК)

    На прагот на зимската сезона, градоначалникот на Тетово Биљал Касами ја запрел постапката за јавна набавка на услугата за зимско одржување на патиштата. Тоа го направил за општината да не се задолжува уште повеќе, а одржувањето ќе го преземе Јавното комунално претпријатие од Тетово, со бесплатна помош од приватна фирма.

    „Кога дојдов на функцијата, беше при крај процедурата за зимско одржување. Јас ја прекинав процедурата затоа што во моментов, општината е блокирана и не можам да создавам дополнителни обврски што не можам да ги сервисирам. За да нема застој, Јавното претпријатие доби обврска со своите капацитети и со поддршка од приватни оператори да го организира зимското одржување. Од менаџментот имам информација дека се подготвени за непречено исполнување на своите обврски кога ќе има снег и ќе ги одржувааат сите патишта кои се во надлежност на општината. Приватните оператори ги даваат своите возила без финансиски надомест“, изјави Касами.

    Во надлежност на Општина Тетово е зимското одржување на сообраќајниците во градот и локалните патишта, а за магистралните патишта и автопатиштата Тетово-Скопје и Тетово-Гостивар, надлежна е „Македонија пат“.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира