ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ФОРМИРА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДА ПРАВИ СТРУЈА СО ФОТОВОЛТАИЦИ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ФОРМИРА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДА ПРАВИ СТРУЈА СО ФОТОВОЛТАИЦИОбразложението е дека ова претпријатие се формира поради енергетската криза. (Фото: СДК.МК)

    Општина Центар ќе формира јавно претпријатие за производство на струја со фотоволтаици. Оваа точка ќе биде предложена на седницата на Советот на Општина Центар која ќе се одржи утре. Во образложението стои дека потребата поради која се формира ова претпријатие е енергетската криза, високата цена на струјата и да се избегне финансиски колапс на Општината.

    Со формирање на јавното претпријатие се отвора можност Општината да остварува приходи од производство и трговија со електрична енергија. На краток рок, тоа ќе го амортизира ударот од високата цена на струјата, а на долг рок со добро менаџирање ќе се остварува финансиска добивка која би се инвестирала во подобар живот на жителите на Општина Центар“, се вели во образложението.

    Првичната цел е да се изградат фотоволтаични централи на сите поволни локации со кои стопанисува Општината, како што се кровови на школи, градинки, на ЈП „Паркинзи Општина Центар“. Во втората фаза, како што велат од Општината, ќе се инвестира во производствени капацитети надвор од границите на општината и ќе се закупуваат кровови на станбени згради.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира