ОПШТИНА ЦЕНТАР УРНА ДВА ОБЈЕКТА НА УЛИЦА ВОДЊАНСКА, ЌЕ СЕ РУШАТ УШТЕ 16

    ОПШТИНА ЦЕНТАР УРНА ДВА ОБЈЕКТА НА УЛИЦА ВОДЊАНСКА, ЌЕ СЕ РУШАТ УШТЕ 16Отстранета е една дрвена барака и една импровизирана градба. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар денес урна два дивоизградени објекта на улицата Водњанска. Како што велат од Општината, отстранета е една дрвена барака и една импровизирана градба, а во наредниот период ќе се рушат уште 16 објекти.

    „Откако инвеститорите на двата објекта не постапија по решениjaтa издадени од Секторот за инспекциски работи, кои налагаат самите тие во законски предвиден рок од три дена самостојно да ги отстранат градбите, општинските служби пристапија кон присилно административно извршување, односно отстранување на градбите. Ова е само почеток на акцијата на Општина Центар во борбата против нелегално изградените објекти на нејзина територија. Издадени се вкупно 18 решенија за отстранување на нелегално изградени објекти“, велат од Општина Центар.

    Од Општина Центар апелираат до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, Општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на сопственците.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира