Општина Велес ќе дели дрвца на граѓаните и фирмите за зазеленување на градот. Според Советот на Општина Велес право на добивање на садници набавени од општинскот буџет имаат жителите на Велес кои склучиле брак, добиле новороденче, посвоиле дете, вдомиле бездомно животно, купиле стан, изградиле куќа или добиле признание за својата работа или учење од локални, државни или меѓународни институции.
Правните лица имаат можност да добијат десет бесплатни садници ако имаат сопствени дворни површини или 20 садници ако имаат решение за издадена Б- Интегрирана еколошка дозвола.
„Правилникот е донесен со цел зголемување на зелените површини во градот и заштита на животната средина. На овој начин се зголемува бројот на засадени садници во градот и се зголемува бројот на нови зелени површини на територијата на Општина Велес“, се вели во одлуката на Советот на Општина Велес.
П. ПЕЧКОВ