ОПШТИНА ВЕЛЕС ПО ЕДНА ГОДИНА ГО ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ШТЕТИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО ВО ВЕЛЕШКО НА 8 АВГУСТ

    ОПШТИНА ВЕЛЕС ПО ЕДНА ГОДИНА ГО ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ШТЕТИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО ВО ВЕЛЕШКО НА 8 АВГУСТНаселбата Превалец беше едно од најтешко погодените подрачја во невремето (Фото: СДК.МК)

    Невремето кое го зафати Велешко на 8 август лани направило штета од 4,2 милиона денари, констатирала надлежната Комисија за проценка на штети во Општина Велес. Тој ден, неколку часа повеќе велешки села беа погодени од пороен дожд, дотечени ридски води и големи наноси на камен и тиња.

    „Поројниот дожд имаше голема разурнувачка сила, при што едно лице беше пријавено за исчезнато, чиј леш беше пронајден после еден месец во водите на Вардар. Поднесени се 52 пријави за штети на земјоделски култури и градежни објекти“, пишува во извештајот на комисијата.

    Овој извештај неодамна го прифати Советот на Општина Велес. Елаборатот за проценетата штета е испратен до Генералниот секретаријат на Владата, Републичката комисија за проценка на штети од природни непогоди и други несреќи, Министерството за финансии и до Државниот завод за статистика. со предлог за целосно или делумно обесштетување.

    Невремето ги зафати Велес, населбата Превалец, Раштани, Горно Оризари, Бузалково, Сливник, Чолошево и С`лп. Најголеми штети имало во Сливник, 2,27 милиони денари и во Горно Оризари, 1,26 милиони денари.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира