ОПШТИНА ВЕЛЕС ПОДНЕСЕ ТУЖБА ДО УПРАВЕН СУД ЗА ЦЕНАТА НА ВОДАТА

    ОПШТИНА ВЕЛЕС ПОДНЕСЕ ТУЖБА ДО УПРАВЕН СУД ЗА ЦЕНАТА НА ВОДАТАЛокалната власт на Велес не се согласува со предложената цена од Регулаторната комисија

    Општина Велес преку суд бара цената на водата за пиење да не се покачува. Таа поднела тужба до Управниот суд, незадоволна од висината на цената што ја предложи Регулаторната комисија.

    „Не сме задоволни од утврдената цена, сметаме дека е превисока. Јас ветив во кампањата дека цената на водата ќе се намали за 10 отсто, но тоа повеќе не е во надлежност на Општината. Цената на водата е сериозен проблем, не само за Велес, туку и за сите општини во Македонија. Уште на почетокот на мандатот, на состанок во Струга, го запознавме премиерот Заев со овој проблем. Но, Регулаторната комисија е независно тело и врз неа извршната власт не може да има влијание“, рече градоначалникот Коцевски.

    Општина Велес ја тужи Комисијата, оти во постапката при донесувањето на Решението за утврдување на тарифата за цената на водата, што ЈКП „Дервен“ ја испорачува на корисниците, за периодот 2018-2020 година, не било постапено според правилата на постапката и не била утврдена правилно фактичката состојба.

    Регулаторна му утврдила на ЈКП „Дервен“ просечната цена на водата за пиење за 2018 година да биде 41,30 денари за кубен метар или би се движела од 36,74 до 45,85 денари. Велешани сега плаќаат 30,40 денари за кубен метар. Ако цената на водата се покачи до минималната, тоа е зголемување од 22,3%.

    Одговарајќи на новинарско прашање за ставот на ЈКП „Дервен“ по оваа тужба, оттаму одговорија дека нема да навлегуваат во правниот процес кој локалната власт го започнала против Регулаторна комисија.

    „Би сакале да се земе предвид дека постои и Решение од Регулаторната комисија за покачување на цената на суровата вода од страна на ЈПВ „Лисиче“ спрема ЈКП „Дервен“ и да се внимава да не се доведе „Дервен“ во загуба“, пишува во писемниот одговор.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира