ОПШТИНАТА ДАЛА ДОЗВОЛА ЗА РИНГИШПИЛ, ШТИПЈАНИ БАРААТ ЗАБРАНА НА ТАКВА ДЕТСКА ЗАБАВА ВО КОРОНАКРИЗА

    ОПШТИНАТА ДАЛА ДОЗВОЛА ЗА РИНГИШПИЛ, ШТИПЈАНИ БАРААТ ЗАБРАНА НА ТАКВА ДЕТСКА ЗАБАВА ВО КОРОНАКРИЗАПристигнувањњето на конвојот камиони за поставување рингишпил ги вознемири штипјани, кои остро реагираа да не се прави кога Штип е жариште на ковид-19, а Општината вети дека ќе ги разгледа барањата. (Фото: СДК.МК)

    Попладнево, во паркот на штипската населба „8 Ноeмври“ влегол конвоj камиони за да се постави рингишпил, по што реагираа жителите и граѓани кои шетаат по патеката покрај реката Брегалница во чија близина треба да се постави реквизитот. Остри реакции брзо се јавија и на социјалните мрежи, со барање да се стопира поставувањето на рингишпилот што ќе ги мами најмладите да се собираат сега во време кога Штип е еден од најзагрозените градови со ковид-19.

    Јавно се бара на сопственикот, кој деновиве бил во Општинската зграда и најверојатно добил некаква дозвола да го инсталира рингишпилот, да му се анулира потврдата и да не му се дозволи поставување на рингишпилот.

    Општина Штип, во одговор на барањата, образложи дека вакви дозволи се одобрувале секоја година во овој период како дел од забавната програма за најмладите, но сега кога веќе има реакции од граѓаните, Општината сериозно ќе ги разгледа барањата за да им излезе во пресрет.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира