ОПШТИНАТА ЌЕ ПОСТАВИ СЕМАФОР НА ЦРНАТА ТОЧКА КАЈ ШКОЛОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

    ОПШТИНАТА ЌЕ ПОСТАВИ СЕМАФОР НА ЦРНАТА ТОЧКА КАЈ ШКОЛОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВГрадоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски повика на разумност кај родителите и смирување на тензиите поврзани со овој настан. (Фото: Фејсбук)

    На критичното место ќе биде поставен семафор со кој очекуваме целосно да се реши проблемот со сообраќајот, брзото возење и непочитување на пешаците кои минуваат на пешачкиот премин кај училиштето „Мирче Ацев“, соопшти денеска Општина Ѓорче Петров, откако синоќа беше прегазено 10-годишно дете на улицата Борис Сарафов, по што локални жители го блокираа сообраќајот на улицата во знак на протест.

    Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски повика на разумност кај родителите и смирување на тензиите поврзани со овој настан.

    „Повикувам пред сè на свесност и совесност кај возачите кои сообраќаат по таа улица, особено затоа што во тој дел од Ѓорче Петров, поради училиштето, во најголем број се движат деца, но и на разумност кај родителите и смирување на тензиите поврзани со овој настан. Исто како и тие, и јас очекувам преку конкретен проект, конечно решавање на проблемот“, вели Наумоски во писмено соопштение.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари