ОПШТИНИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА КОНФИСКУВААТ ДИВОГРАДБИ, МЕСТО ДА СЕ УРИВААТ ЌЕ СЕ ДАДАТ НА РАНЛИВИ ГРУПИ, РЕЧЕ ГЕРАСИМОВСКИ

    ОПШТИНИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА КОНФИСКУВААТ ДИВОГРАДБИ, МЕСТО ДА СЕ УРИВААТ ЌЕ СЕ ДАДАТ НА РАНЛИВИ ГРУПИ, РЕЧЕ ГЕРАСИМОВСКИВо членот 66 од Законот е преточена Иницијативата која ја поднесов до ЗЕЛС со која се дава можност Агенцијата за конфискуван имот врз основа на одлука на Владата дивоградбата да ја предаде на Општината.(Фото: Општина Центар)

    Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што кажа на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, ова се предвидува со новиот Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

    Општина Центар при изработка на законското решение достави иницијатива во него да се вметне член со кој ќе се регулира конфискацијата на нелегално изградени објекти.

    Во членот 66 од Законот е преточена Иницијативата која ја поднесов до ЗЕЛС со која се дава можност Агенцијата за конфискуван имот врз основа на одлука на Владата дивоградбата да ја предаде на Општината. Ова значи дека ние општините имаме две можности или да го легализираме објектот или доколку има услови истиот да го урнеме во рок од 6 месеци од прием. Доколку одлучиме да го легализираме, ќе можеме да го дадеме на социјално ранливи категории на граѓаните или на користење за разни културни, пензионерски, младински домови“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

    Новиот Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка не се однесува за дивоградбите кои се на приватно земјиште, за кои веќе се води инспекциска постапка за рушење или се води постапка за легализација.

    Во државата има близу 100 илјади дивоградби, еве во Општина Центар има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, околу 5,5 милиони денари за две згради да ги оневозможиме да бидат функционални. Но сега со новото законско решение наместо дувло на бездомници како што најчеста е реалноста дивоградбите ќе можат да се пренаменат и за други потреби односно да бидат или пензионерски домови, креативни работилници или клубови за млади или пак предадени за социјално загрозени семејства“, додаде Герасимовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира