СО ОПШТИНСКО ВОЗИЛО ЛЕПЕЛЕ ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

    СО ОПШТИНСКО ВОЗИЛО ЛЕПЕЛЕ ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВАГрадоначалникот Блаже Велков за САКАМДАКАЖАМ.МК тврди дека бил затекнат и од ситуацијата и од кривичната пријава од МВР.

    Тројца вработени од општина Ново Село се приведени, откако полициијата ги фати на дело како со службено возило на општината, превезуваат пропаганден изборен материјал. Станува збор за околу 6.000 плакати за кандидати за градоначалници на една политичка партија печатени во Кочани, а требало да бидат дистрибуирани во струмичко.

    Полицијата при рутинска контрола на патот Радовиш-Струмица констатирала дека службеното возило се користело без патен налог, а во багажникот имало пропаганден изборен материјал. Вработените веднаш биле приведени и изведени пред јавен обвинител. Градоначалникот на Ново Село Блажо Велков доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања, оти дозволил вработени во општината со службено возило да разнесуваат пропаганден изборен материјал.

    Градоначалникот Велков за САКАМДАКАЖАМ.МК тврди дека бил затекнат и од ситуацијата и од кривичната пријава од МВР.
    „Не сум издадел никаква наредба на вработените да користат службено возило за партиски цели. Вработените на своја рака го зеле возилото, за што ќе поведам санкции за нарушување на работната дисциплина. Кривичната пријава од МВР ја сметам како политичка хајка против мене“, вели градоначалникот Велков, кој е кандидат и на престојните локални избори.

    Пропагандниот изборен материјал според полицијата бил наменет за него и неговите колеги од Босилово и Василево.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира