ОТРУЕНИ КУЧИЊА ЛЕЖАТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД, КРИМ ТЕХНИКА ВРШИ УВИД

    ОТРУЕНИ КУЧИЊА ЛЕЖАТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД, КРИМ ТЕХНИКА ВРШИ УВИД Попладнево граѓани пријави во ЈП “Охридски комуналец” дека има две мртви животни на шеталиштето.(Фото: СДК.МК)

    На плоштадот во Охрид лежат мртви кучиња, за кои се претпоставува дека се отруени. Попладнево граѓани пријавиле во ЈП “Охридски комуналец”  дека има две мртви животни на шеталиштето, а велат дека низ Охрид има уште 10 отруени кучиња.

    “За мртвите кучиња дознавме по пријава на граѓани. На местото се наоѓаат припадници на крим техника од СВР-Охрид кои вршат увид. Навистина не знам колкав е бројот на мртви кучиња. И ние сме затекнати од овој немил настан”, вели директорот на “Охридски комуналец” Љупчо Грданоски.

    “Охридски комуналец” има обезбедено простории за прибирање на кучињата скитници во месноста Матскер на влезот од Охрид, но стационарот нема дозвола за работа од Агенцијата за храна и ветеринарство бидејќи објектот не му припаѓа на  претпријатието. За тоа било потребно да се изврши промена на локалниот урбанистички план за да може стационарот да буде вцртан.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира