Основното јавно обвинителство Куманово оформи предмет за убиството на полицаецот Горан Станишевски, кој минатата недела беше смртно повреден во населбата Средорек додека приведуваше ментално болен човек поради семејно насилство.
„Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за спроведување на истражна постапка и ги презема сите неопходни дејствија за расветлување на случајот. Во моментов, не можеме да споделуваме детали за текот на истрагата, секоја информација што ќе биде од интерес за јавноста и нема да пречи на истрагата ќе биде достапна за јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“, се вели во одговорот на Обвинителството на прашањата на САКАМДАКАЖАМ.МК.
Истрагата треба да утврди дали има одговорност и пропусти во лекувањето на Енвер Бајрамовски (33), кој и покрај тоа што имал сериозни здравствени проблеми на 25 јули бил пуштен дома од психијатриската болница во Бардовци, а кога му се влошила здравствената состојба и таткото сакал да го врати, во болницата не го примиле со образложение дека нема место и дека е здрав да престојува во домашна средина. Ден потоа, Бајрамовски добил напад на агресија и прво ги претепал мајка му и сестра му, а вечерта уби полицаец.
Убиството се случи минатата сабота околу 22.30 часот, додека Станишевски со уште тројца негови колеги се обидувал да го приведе насилникот во неговиот дом во Средорек, како асистенција на Брза помош. Во еден момент, Бајрамовски земал нож и го прободел полицаецот во грб. Од повредите тој почина во Кумановската болница. По убиството, Обвинителството ги потврди кажувањата на родителите дека Бајрамовски има сериозни психички проблеми, поради што со години се лекувал во психијатриската болница во Бардовци.
ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА УБИСТВОТО НА ПОЛИЦАЕЦОТ ВО КУМАНОВО
a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:48:"Куманово(САКАМДАКАЖАМ.МК)
	
										
											Дописна мрежа
											
												
												11942
											
										
																				
											Бардовци
											
												
												10
											
										
																				
											Куманово
											
												
												564
											
										
																				
											основно јавно обвинителство
											
												
												75
											
										
																				
											полицаец
											
												
												37
											
										
																				
											психијатриска болница
											
												
												15
											
										
																				
											Средорек
											
												
												3
											
										
																				
											убиство
											
												
												362
											
										
																			
								
								
														
																		
						                        
                         
 
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.
                                    
                                    

