ОТВОРЕНА СЕНЗОРНА СОБА ЗА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ВО ВЕЛЕС

    ОТВОРЕНА СЕНЗОРНА СОБА ЗА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ВО ВЕЛЕССензорната соба е за 15-те ученици со аутизам во Посебното oсновно училиште „Маца Овчарова“ (Фото: СДК.МК)

    15 деца со аутизам  од Велес добија Сензорна соба во Посебното oсновно училиште „Маца Овчарова“. Во ова училиште настава посетуваат  58 ученици од прво до деветто одделение.

    Го избравме 2 Април, Светскиот ден на лицата со аутизам, за на учениците  со  аутизам да им дадеме за користење посебно опремена соба за престој. Таа е мошне важна и потребна за учениците за кои е наменета, да се релаксираат. Тие живеат во свој свет, си имаат нивен однос кон нештата и со реквизитите кои се во собата, се исполнуваат, пронаоѓаат. Со овие деца работиме посебно, со за нив потребни методи и посебни начини“, рече директракта Ленче Гаданец.

    Просторијата е донација од градежното претпријатие „Изгрев“ од Велес, а опремена  со помош   од Евангелистичката  црква од Македонија.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира