Во светиниколското село Стањевци, овчар изгорел од огинот што сам го запалил. Овчарот е 72-годишниот Б. Н. од ова село кој ги пасел овците во блиските ливади. Изгореното тело го пронашол неговиот син, кога го барал оти не се вратил ниту тој ниту овците што ги пасел.
СВР Штип го потврди случајот, но нема детали. Траги на насилство немало, па се претпоставува дека од сплет на несреќни околности овчарот паднал во оганот што го запалил за да се стопли.
Т. ЈОВАНОВСКИ