ПАДНА ДЕЛ ОД ЗГРАДАТА И КРОВОТ НА РАБОТНИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ВЕЛЕС

    ПАДНА ДЕЛ ОД ЗГРАДАТА И КРОВОТ НА РАБОТНИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ВЕЛЕСНема информации дека има повредени лица. (Фото: СДК.МК)

    Падна дел до зградата на Работничкиот универзитет во Велес. Настанот според сведоците се случи попладнево околу 16 часот, кога се слушнал голем тресок. Нема информации дека има повредени лица.

    „Бев на Мало мовче кога околу 16ч. се слушна голем тресок, нешто е сруши. Кога пријдов видов дека падна дел од зграда на поранешниот Работнички универзитет, неколку училници како и дел од кровот“, вели сведок на настанот.

    На вчерашната седница на Советот на Општина Велес, говорејќи за отстранувањето на старата зграда на театарот, градоначалникот Марко Колев изрази стравување дека може нешто да се случи со зградата на Работнички универзитет.

    „Бев да видам како се изведуваат работите на дислокација на главниот колектор кој мине под пазарот. Бев фрапиран од ископаноста на земјата, на објектот, куќата која е срушена на ќошето и се молам да не се сруши Работнички универзитет, чија зграда е до него. Таму има издадено одобрение за градба. Работевме, се вадеше вода, за да не се поткопа Работнички универзитет“- кажа Колев.

    Зградата на Работничкиот универзитет е стара и потекнува од пред Втораta светска војна, а во времето на војната во него бил штабот на германската војска.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира